Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.

Во Охрид ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на ретки грмежи и силен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливото облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а во деновите од викендот на планините ќе има врнежи од снег, велат од УХМР.

OhridNews