Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m²). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h) и врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места претежно во западните делови и ќе се формира снежна покривка. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 14 степени.
Во Охрид претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 14 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и појава на магла по котлините.
OhridNews