Времето денеска ќе биде претежно облачно со температура за 6 до 8 степени пониска во споредба со вчерашната и со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 литри на квадратен метар воден талог. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Во Охрид времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно со умерен до засилен северен ветер и со пониски утрински температури, велат од УХМР.
OhridNews