Претежно облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен јужен ветер со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степени.

Во Охрид претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60 км/ч). Локално ќе наврне поголема количина на дожд (над 20 л/м2 за 24 часа). До четврток ќе дува јужен ветер, кој утре ќе биде со засилен интензитет, а од петок ќе дува од северен правец.

OhridNews