Синоќа пред зградата во близина на училиштето песталоци во центарот на Скопје, бил претепан сопственикот на порталот „Доказ.мк“, Марјан Стаменковски. Тој тврди дека петмина непознати со шипки крвнички го тепале. Порталот на Стаменковски е критички настроен кон власта, пренесува телевизијата „24 Вести“.

Претходно, на сличен начин од маскирани напаѓачи беше нападнат и сопственикот на порталот „Мактел“ Саше Ивановски. По тој напад, Ивановски беше нападнат и од еден новинар и од вицепремиерот Владимир Пешевски.

OhridNews
извор:„24 Вести“