Берни Еклестон, првиот човек на формула 1, во петокот отишол на работа во луксузниот лондонски кварт Најтсбриџ и ги открил модринките и гребаниците на лицето. Милионерот и неговата девојка, бразилската менаџерка Фабиана Флоси, биле нападнати од чеворица крадци. Берни е висок само 162 сантиметри и рекол дека крадците го нападнале многу агресивно така што немал време да реагира.


Кога се созел околу себе видел само крв. Додал дека додека го тепале не им било грижа дали ќе го повредат или не. На Фабиана и ги зеле обетките, а освен тоа ги зеле и часовниците на двајцата. Берни тврди дека медиумите лажат дека бил оштетен за повеќе од 200 илјади долари.