Новинарот Зоран Божиновски, сопственик на порталот Буревесник, бил претепан од две непознати лица, синоќа, пред неговата куќа во Битола и со повреди бил пренесен во битолската болница, потврди за Плусинфо сопругата на новинарот, Панда Солунчевска, која и самата била со него за време на нападот.
На Божиновски му е скршен носот и има други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде му е укажана лекарска помош, а изутринава е пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница.
Напаѓачите според сведоштвото на сопругата на Божиноски, која не била повредена, користеле метални боксирачи на рацете.
Настанот бил пријавен во полиција, а МВР утрово го потврди истиот.
Нападот врз Божиновски наиде на остри осуди во јавноста.
OhridNews