Фудбалерот на Челси кој игра на позајмица во Барнли, Дени Дринквотер претрпел сериозни повреди на лицето и по телото после тепачка во ноќен клуб во Манчестер.
Како што пренесуваат медиумите од островот повремениот англиски репрезентативец го иницирал инцидентот. Дринквотер после завршување на забавата и пријдел на девојка која била во друштво на дечко и кој пак е фудбалер во Третата англиска дивизија. Членот на Барнли не ја испочитувал молбата од девојката и дечкото да се тргне и да замине и продолжил да и се додворува. Дечкото на девојката заедно со уште неколку другари го нападнале Дринквотер и му нанеселе тешки телесни повреди.
Инциденот го потврди и клубот во кој моментално настапува Дринквотер. Барнли најави казна и можна суспензија за Дринквотер кој се повредил надвор од базата на клубот.
- Дринквотер не се повреди во активности поврзани со клубот и ќе биде соодтвено казнет. Вакви испади нема и не смеат да се толерираат. – стои во краткото соопштениет од клубот.
Поранешниот играч на Лестер во април месец оваа година во алкохолизирана состојба управуваше автомобил и англиската полиција го казни со одземање на возачката дозвола.
OhridNews