Јапонката Тамико Јасута била уапсена откако со чадор удрила едно момче кое не сакало да и го отстапи местото во еден градски автобус. Сведоците изјавиле дека 66-годишната жена побеснела откако момчето не и го отстапило местото, кое било наменето за постари лица.


Жената во текот на расправијата, го извадила чадорот и го удрила момчето, кое завршило со скршен нос. Полицијата соопштила дека таа не сакала да ја признае вината, а и претходно била апсена поради вреѓање на студенти во автобус. Тогаш поминала само со предупредување, но овој пат завршила во затвор.