Сообраќајната полиција во Бразил запрела и казнила еден човек со инвалидитет бидејќи во инвалидска количка со вграден мотор возел премногу брзо по една улица. Човекот изјавил дека само го испробувал своето превозно средство, кое го направил самиот, и не знаел со која брзина се движи.
Сообраќајците го забележале како претекнува возила на автопатот кој ги превезува северот и југот на земјата. Казнет бил бидејќи управувал со возило од непознат тип без сообраќајна дозвола. Човекот бил стопроцентен инвалид бидејќи му биле ампутирани обете нозе и една рака.