Македонскиот ракометен првак Металург за момент застанува на здрави нозе откако ракометарите и управата на клубот на чело со сопственикот Минчо Јорданов најдоа заеднички јазик.
Пресвртот во нованастаната ситуација се случи по вториот состанок бидејќи првиот не даде никакво решение.
На вториот состанок прусутни беа поискусните ракометари оние кои беа обвините за пуч од страна на сопственикот.
Металург во Шпанија на дуелот со Ла Риоха во Лигата на Шампиони ќе отпатува со сите ракометари кои останаа, но ова треба да биде само почеток на конечното решение.
Ракометарите на Металург штрајкуваа поради неисплатените плати и го бојкотираа хрватскиот стручњак Лино Червар, кој ќе ги води „бунтовниците“ во Шпанија.
Мх.П.