„Црвените ѓаволи“ предводени од клупската легенда Оле гунар Солскјер ги консолидираа редовите и полека случувањата на Олд Трафорд се движат во позитивна насока. Ситуацијата со француската супер ѕвезда Пол Погба драстично се промени и тој веројатно ќе остане на Олд Трафорд до крајот на договорот.
Промената на ставот околу заминување од Манчестер Јунајтед на Погба се базира на позитивните резултати, кои, клубот ги бележи последниов период во сите натпреварувања. „Будењето“ на „црвените ѓаволи“ се поклопи со ангажманот на Бруно Фернандес. Португалецот кој дојде од Спортинг Лисабон како ретко кој фудбалер ја раздвижи играта на Манчестер Јунајтед и донесе баланс на теренот.
Погба е пред целосно закрепнување од повредата, која го оддалечи од теренот повеќе од три месеци. Францускиот репрезентативец може да биде на клупата за резерви и да добие некој мала минутажа на дуелот со ЛАСК во 1/8 финалето од Лигата на Европа.
Инаку, францускиот репрезентативец е најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед. Во трансфер вреден над 100 милиони евра, Погба на Олд Трафорд се пресели од италијанскиот гигант Јувентус.
OhridNews