Љубителите на Формула 1 шампионатот во Македонија имаат причина за голема радост, откако Телевизијата 24 ги откупи правата за емитување на трките оваа сезона.

Првата трка во Мелбурн која помина во знакот на германскиот пилот во редовите на Ферари, Себастијан Фетел не беше емитувана на македонски програмски сервис, па гледачите мораа да се снаоѓаат односно да гледаат на телевизии од други држави.

Години наназад националниот сервис МТВ ги имаше правата за Ф1 шампионатот, но Спорт клуб после откупвањата ги зголеми цените и МТВ се откажа.

Следната трка која ќе се одржи на 8 април во Бахреин гледачите на Ф1 во Македонија ќе можат да ја проследат на ТВ 24.

OhridNews