Триатлон федерација на Македонија (ТФМ) на гала церомонијата на Европската триатлон Унија (ЕТУ) која се одржа во Даблин, Република Ирска наградена беше за најголем и најзабележителен напредок во годината која измина. ТФМ во трката ги совлада Латвија и Србија.
Како главен настан на ТФМ во 2018 година беше Европскиот куп и Балканското првенство кои заедно на 15 септември се одржаа во Охрид. На триатлоните учествуваа околу 300 натпреварувачи кои од нашиот град си заминаа со полни куфери позитивни впечатоци и ветувања дека ќе дојдат повторно.
Наградата во Даблин ја прими првиот човек на ТФМ, Иван Михајловски. Тој на вљубениците во триатлонот им порача да го заокружат датумот 7 јули за кога во Охрид е закажано одржувањето на Јуниорскиот европски КУП во триатлон.
Признанието од ЕТФ е мотив повеќе и за Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ која беше дел од организацијата на Балканското првенство и Европскиот КУП во Охрид. Претседателот на Асоцијацијата смета дека наградата е признание но и обврска повеќе за сите нас и дека доаѓа во вистински момент кога заедно со триатлон федерацијата влегуваме во завршните потготовки за организацијата на Јуниорскиот европски КУП во јули месец.
Од мое лично име и од име на целиот тим на Асоцијацијата на спортови им упатувам големи честитки на Триатлон федерацијата на Македонија за освоената награда за најголем и најзабележителен напредок во Европска за минатата година.Познавајќи ги, соработувајќи со нив во изминатите две години навистина оваа награда ја заслужија, не само поради активностите од минатата година и организацијата на Балканското триатлон првенство и Европскиот КУП во Охрид туку поради годините и годините на волонтеризам во федерацијата и нивната пожртвуваност за да триатлонот како спорт заживее и се етаблира во Македонија.
Нас ни претставува особено задоволство што и ние како Асоцијација како охриѓани сме еден дел од заслугите за добивањето на наградата, нашата одлука,визија, Триатлонот како спорт поамбициозно да го внесиме во нашиот охридски живот се покажа како вистински чекор и ова признание е потврда за тоа.
Благодарејќи на Триатлон федерацијата, на нас како асоцијација, благодарејќи на поддршката од Општината Охрид и сите наши триатлон пријатели, за Охрид, за природното и културно богатство на Охрид се слушна и се слуша надалеку, Даблин е само почеток и јас сум убеден веќе од наредното издание кое ни е доверено од страна на Европската триатлон унија, Јуниорскиот европски КУП, заедно со триатлон федерацијата ќе направиме уште поголем исчекор Охрид и Македонија да бидат претпознатливи за триатлон спортот и илјадниците негови љубители. – изјави претседателот на Асоцијацијата, Иван Цветкоски.
Триатлонот како спорт се состои од пливање, возење велосипед и трчање. Како спорт триатлонот зема голем замав во светот на професионално и рекреативно ниво, а Охрид има предиспозоции еден ден да биде домаќин на најголемите ѕвезди.
OhridNews