Во многуте трофеи, индивидуални награди и трофеи, Кристијано Роналдо го додаде престижното признание од шпанскиот медиум „Марка“ за спортско остварување во светот на спортот. Со освојување на награда португалскиот ас им се приклучи на Рафаел Надал, Мајкл Џордан, Марк Маркез, Пау Гасол, Мајкл Фелпс, Усаин Болт, Роџер Федерер, Лионел Меси, Марадона, РаулПеле и Паоло Малдини.

На церомонијата на Роналдо друштво му правеа партнерката Георгина Родригез која ги украде сите воздишки, агентот Жорже Мендез и претседателот на Реал Мадрид Флорентина Перез.

  • Жал ми е што го напуштив Мадрид. Ми недостасува и Манчестер, но во Мадрид живеев подолго и моите деца се родени тука. Овој град е стварно посебен за мене. Многу патував, но никаде не се чуствував како во Мадрид. Се надевам дека еден ќе се вратам во Мадрид. – изјави Роналдо.

Роналдо во дресот на „кралевите“ помина цели девет сезони исполнети со многу трофеи. Португалскиот репрезентативец го предводеше Реал Мадрид до четири титули во Лигата на Шампиони, до три во клупското првенство и по две во Примера, Копа дел Реј, Супер купот на Шпанија и Европа.

OhridNews