Охрид во соработката со Федерецијата на училишен спорт ќе биде домаќин на „Гимназијадата“, која ќе се одржи од осми до десетти мај. За таа намена Милан Србиноски ученик во „Гимназија“ изработи уникатно лого кое ќе користи како официјално на спортските игри во Охрид.

– По самото мое ангажирање за изработување на логото јас се стремев тоа да биде едноставно и да асоцира на младина и спорт. Не ми требаше многу време за изработка на логото и мислам дека направив полн погодок бидејќи на него има се што ќе се случува на „Гимназијадата“ – рече Србиноски.

Учениците ширум Македонија во Охрид ќе се натпреваруваат во неколку спортови и тоа фудбал, кошарка, ракомет, атлетика и одбојка.

Мх.П.