Од Авто- мото сојузот на Македонија ги потсетуваат возачите дека од денес, 16 март, престанува важноста на законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата.

Сообраќајот денес низ поголемиот број државни патишта се одвива без забрани, по суви и чисти коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

OhridNews