Полицискиот час кој беше воведен минатиот четврток, заврши утрово во 05 часот. Освен оваа мерка, изминатите денови на сила беше и забрана за посета на гробиштата.
Според најавите на министерот за здравство Венко Филипче, полицискиот час кој беше водеден по значителниот пораст на нови случаи на Ковид 19 во земјата, најверојатно нема да биде продолжен, но сепак, како што рече, за тоа на состанок денеска ќе одлучува Комисијата за заразни болести.
OhridNews