На одушевувањето на едно малечко момче од Тајван му нема крај. Четиригодишниот Јен Чиен на лото освоил напуштен тропски остров.
-Само сакам да си играм во морето – изјавило момчето.
Ќе го добие на користење од петтиот до деветтиот месец, а со себе може да поведе до 7 членови на семејството пет пати. Секој пат на островот ќе може да помине најмногу три дена едноподруго. Тајванската лотарија на овој начин го поттикнува туризмот во екот на финансиската криза.