Екипите на Преспа од Ресен и Металург 2 ќе играат бараж за испразнетото место во машката рамометна Супер лигата, откако Макс Струмица не го пријави своето учество во новото првенство кое стартува на 17-ти септември. Ова го одлучи здружението на суперлигаши на денешниот состанок, на кој беше извршена ждребката за новата сезона.
Бараж натпреварот ќе се одгигра на неутрален терен на 8-ми септември.
Металург 2 минатата сезона во Супер лигата ја заврши на последното место, а Преспа беше третопласирана во Првата лига.
OhridNews