Тензијата од теренот на дерби пресметката помеѓу Пари Сент Жермен – Олимпик Марсеј се пресели и на социјалните мрежи. Олимпик Марсеј победи со минимални 1-0 на „Паркот на Принцовите“ во меч исполнет со многу борба, неспортски стартови и потези.
Бразилскиот репрезентативец Нејмар го обвини противничкиот играч Алваро Гонзалес за расизам и рече дека зажалил што не го удрил в лице. Нејмар мечот го заврши предвреме поради црвен картон.
Не ми е криво што добив црвен картон, туку што не го удрив в лице Алваро. Тој не само мене туку на сите не вреѓаше на расна основа. – напиша Нејмар.
Алваро не чекаше многу и возврати на социјалните мрежи.
Нема место за расизам. Имам чиста кариера со голем број различни соиграчи и пријатели. Некогаш треба да научиш и да губиш. Неверојатни три бода. – напиша стоперот на Олимпик Марсеј.
Покрај Нејмар натпреварот поради црвени картони го завршија Паредес и Курцава кај ПСЖ односно Бенедетто и Амави во составот на Олимпик Марсеј.
OhridNews
Наместо дерби, „војна“ во Париз: Олимпик Mарсеј го тресна ПСЖ!