По три години и седум неуспешни обиди, деветгодишната панда Јуан Јуан на почетоков на месецов конечно родила младенче кое го добило името Туан Туан. тоа претставувало голем успех во постојаната борба за зголемување на наталитетот на пандите. Младенчето било родено во зоолошката градина во Тајпеј, а посетителите се уште немале можност да го видат во живо бидејќи за него се грижеле вработените додека не зајакнело доволно.
Зоолошката градина го препознала големиот интерес за Туан Туан па објавила фотографии од приновата која полека расте. Мајката пред неколку години пристигнала на Тајван како подарок од Кина, а кинеските власти сметаат дека оваа приказна, која имала големо медиумско внимание, ќе ја подобри напнатата политичка ситуација помеѓу двете држави.