Средбата со медиумите после натпреварот помеѓу Напредак од Крушевац и нишки Раднички во рамките од Првата лига во Србија се претвори во циркуз, до сега невиден на овие простори. Личноста која го водеше пресот му постави прашање на гостинскиот стратег Ненан Лалатовиќ за покажување на средниот прст кон трибините. Некој од страна му дофрли, Лалатовиќ бурно реагираше и со погрдни зборови му се обрати прво него, а потоа на девојката која го водеше пресот. Целата ситуација проба да ја смири домашниот тренер, но безуспешно Лалатовиќ до крајот не можеше да се смири.

Клубот од Ниш во соопштение наведе дека нивниот предводник бил испровоциран од навивач на кој не му е местото во салата за пресконференции, а домашниот состав се брани дека Лалатовиќ, кој некогаш го предводел Напредак исценирал инцидент.

Напредак најави пријава за Лалатовиќ поради лични навреди на личноста која го водеше пресот, а Раднички случајот го приjaви во Фудбалската федерација на Србија (ФФС).

OhridNews