Денес и утре на покана на Атлетска федерација на Македонија гостин ќе биде Претседателот на Европската Атлетска федерација (ЕАА) , Г-дин Хансјорг Вирц .

Вирц во текот на дводневната посета ќе дојде во Охрид, да ја види новата атлетска стаза која неодамна беше поставена на  “СРЦ Билјанини Извори“.

Ова претставува прва официјална посета од осамостојувањето на Македонија на претседател на Европска атлетска федерација.

М.П.