Пациент од Дебар и една пациентка од Скопје, по извршени два последователни тестови кои биле негативни на коронавирус, се пуштени на домашно лекување, со што бројот на излечени лица во земјава е 3. Добра е состојбата на пациентите во Штип, кои се во стабилна состојба без тешка манифестација на формата на болеста, информира на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Меѓу новите регистрирани 24 случаи на заболени од коронавирус во земјата има уште еден пациент од тестираните лица од Кожната клиника во Сопје.
Во врска со мерката за забрана за движење на граѓаните во периодот од 16 до 5 часот наутро, за време на викенд, министерот Филипче потенцира дека според досегашните искуства се покажало дека тоа е најефикасна мерка која дава добри резултати.
Филипче најави дека следната недела ќе започнат мобилни тестирања и тестирања на пошироки групи во делови од земјата каде треба да се применуваат.
Во тек е онлине тренинг на здравствени работници кој почна денес и трае 4 дена, за обука на тренери кои понатаму ќе обучуваат други здравствени лица во јавни и приватни здравствени установи.