Претседателот на Владата Зоран Заев попладнево одржа прес конференција на која тема се дезинформациите и борбата против лажните вести.
Тој го презентирапе предлог Акцискиот план и мерките за борба против лажните вести и зголемување на безбедноста на системот за комуникации и протоколи за дигитални комуникации, кој наскоро ќе се најде на јавна расправа.
Почнуваме одлучна борба против лажните вести кои се закана за современиот свет и современиот начин на живеење, рече премиерот Заев.
-Владата ќе формира акциска група за борба против дезинформации и напади на демократијата во која ќе бидат поканети да партиципираат претставници од сите надлежни служби. Ова се само дел од сеопфатните мерки кои се преземаат и ќе се преземаат во борбата против дезинформациите и лажните вести.- најави премиерот Заев.
Прес конференцијата може да ја проследите тука:
Проследете ја во живо прес-конференцијата во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија
Geplaatst door Zoran Zaev op Woensdag 24 juli 2019