Од извршени вкупно 868 тестирања, во изминатите 24 часа регистрирани се нови 67 позитивни пациенти на коронавирус. Како што рече на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, деталната статистика по градови ќе биде објавена во текот на денот, бидејќи сеуште се чекаат резултати од една приватна лабораторија.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 25 излекувани пациенти, а едно лице почнало како последица од заболувањето со коронавирус.