Вака одлучи ЦК на ВМРО ДПМНЕ по преговорите што мандатарот Никола Груевски ги имаше со двете водечки партии на македонските Албанци, ДУИ и ДПА.
Новата коалиција во собранието ќе го има Бадентеровото и двотретинското мнозинство.
Целта е целосно фокусирање на реформите во економијата и напорите за зачленување во НАТО и во ЕУ, како и укинување на Шенген-визите за македонските граѓани.
Во новата влада ДУИ добива пет министерски, едно потпретседателско и три заменички места.