Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, поголем дел од држава е зафатена со повисоки температури.

 Населението од цела држава потребно е да ги почитува општите препораки за заштита од високите температури, како што се:
– заштита од директна сончева изложеност,
– избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот,
– консумација на лесна храна и течности,
– хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица. Посебно внимателни да бидат постарите, хронично болни лица, кои треба редовно да ја земаат од лекар препишаната терапија и без неопходна потреба да не излегуваат надвор од домовите.

Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред нивната употреба, добра термичка подготовка на храната, задолжително чување на храна во фрижидер на + 8 степени, како и избегнување консумација на лесно расипливи производи (разни кремови, мајонези, сладолед и сл).   

извор:zdravstvo.gov.mk