Арбитражната комисија на КФМ ја разгледа жалбата и му ја намали казната на тренерот на АМАК СП, Игор Гацов. Стратегот на АМАК СП наместо една година, тренерската функцијата нема да може да ја обавува во следните шест месеци. Супсензијата на Гацов ќе заврши на 19 Октомври по што ќе може да се врати на паркетот.
Казната од три натпревари играње пред празни трибини која ја заработи АМАК СП останува иста.