денешен ден Светата православна црква го празнува споменот на Свети
Спиридон Чудотворец. Епископот и чудотворец Спиридон од Кипар се
занимавал со земјоделие. Живеел од својот труд и ги помагал сиромашните.
Многу неверници придобил кон христијанската вера. Умрел во 348 година.
Легендата
раскажува дека Св. Спиридон направил чудо на Никејскиот собор кога за
да ги демантира еретиците и Ариевците стиснал ќерамида во раката при што
од горната страна излегол пламен, а од долната страна на ќерамидата
протекла вода.
Постојат повеќе обичаи и верувања поврзани со Св.
Спиридон. Во Радовишко Св. Спиридон бил еснафски празник на кондураџиите
и самарџиите. На денот на светецот овие еснафи носеле во црквата чинија
со жито и проскури. Жените го празнувале за здравје и среќа во работата
на своите мажи.
Во Пиринскиот крај Св. Спиридон се сметал за
заштитник на коњите и крупниот добиток. Затоа тој ден рано наутро жените
раздавале обреден леб за здравје на овој добиток. Во Охрид Св. Спиридон
се смета за патрон на кондураџискиот еснаф.