Миеко Нагаока од Јапонија, која има сто години, успеала да заврши трка на 1500 метри слободен стил во мал базен, пренесуваат електронските медиуми. Тоа досега не му успеало на ниту еден стогодишен човек на светот. Единствена во категоријата помеѓи 100 и 104 години, во префектурата Ехиме, на западот од Јапонија, Миеко Нагаока го совладала овој предизвик проледена со огомен аплауз на публиката.

 

Таа се надева дека нејзиниот рекорд ќе биде признат и од Гинисовата книга на светски рекорди, а нема намера да сопре, бидејќи сака да плива до 105 години, доколку толку поживее. Нагаока почнала да плива на 80 години во рамките на терапија на коленото. На 99 години забележала успех на 1500 метри во олимписки базен и истата година објавила книга со своите спортски потфати.