Преплашена родилка во болница во Саудиска Арабија се врзала со лисици за своето бебе веднаш по породувањето од страв дека ќе го изгуби.

„Толку долго чекав да затруднам, па не сакам да рескирам“, изјавила жената.


Појаснила дека во последните месеци многу читала за новороденчиња кои се киднапирани или заменети во породилиштата.

Затоа кога нејзиниот син го здогледал светлото на денот, на неговата рака ги прицврстила лисиците а другиот крај за својата рака.

Минатата година медиумите известија за случај кога во болница во саудискиот град Најран, биле заменети две бебиња. Дури после повеќе години случајот е разоткриен а децата ги запознале своите вистински родители.