По повод денешниот празник посветен на Светите бесребреници Кузман и Дамјан беше преосветен светиот Престол во храмот „Св. Козма и Дамјан“ (голем „Св. Врачи“) во Охрид и отслужена света архиерејска Литургија.

Денес во Дваесет и првата недела по Педесетница и на празникот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан и на преп. мч. Јаков Костурски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, изврши преосветување на светиот Престол во храмот „Св. Козма и Дамјан“ (голем „Св. Врачи“) во Охрид. По преосветувањето на Престолот, беше отслужена и света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим, свештеникот Васил Михајлоски и ѓаконот Марко Спасовски, велат од Дебарско-кичевската епархија.

По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.

OhridNews

фото. Дебарско-кичевска епархија