Собранието го прифати предлогот на Здружението на прволигашите, првиот преоден рок да биде по завршувањето на натпреварувачката сезона, од 15 јуни до 31 август.

Клубовите учесници во системот на натпревари на КФМ, се должни да го пријават (потврдат) своето учество во соодветната лига, за која оствариле право на учество, најдоцна до 30 јуни.

Во пријавата, клубовите треба да достават листа со играчи со важечки договор, а истата треба да биде комплетирана заклучно со 31 Август.

ohridnews