Риплиевиот музеј на најбизарни работи на планетата организирал нова изложба во Лондон на тема екстремно тетовирање и трансформации. Главни ѕвезди се човек кој со тетовирање и пластични операции се претворил во гуштер, еден човек-мачка, и уште цела “зоолошка градина“ бизарни човечки трансформации.
-Многу време и труд вложив пред да се претворам во чудак каков што сум денес – им објаснувал на насобраните љубопитни лица човекот-гуштер.
-700 часа тетовирање, вградив тефлонски импланти во челото, ги зашилив забите, го расеков јазикот како на змиите, а најбизарно е тоа дека мојата жена се ужаснува од гуштери – завршил плазејќи го јазикот бизарниот човек-гуштер.