Карактеристично со почетокот на грејната сезона е пожарите на објекти. Сега секој граѓанин е потенцијален предизвикувач на пожар, бидејќи сите се дома и секое семејство затоплува дома. Само мало невнимание и уклучување на грејните тела во отсуство на членовите од семејството може да предизвика пожар, потенцира командирот на охридската противпожарна единица, Спасе Прентоски.
Од месец октомври до февруари, најголем број од пожарите се на објекти. Најчесто се опожарени оџаците, но оџакот во зависност од односот во кровната конструкција ако не е според стандардите може да предизвика палење и на самата кровна конструкција и да доведе до поголеми кататсрофи. Затоа апелираме до сите граѓани на општина Охрид оџаците кои не се исчистени да се исчистат на време. Повремено, за да не дојде до палење во текот на грејната сезоната, сите кои користат грејни тела на цврсто гориво да ги чистат најмалку еднаш месечно чунковите, и гарантирам дека ниту оџакот нема да се запали. А секако и подобро ќе биде топлењето, вели Прентоски.
Апелира кон грејните тела да се однесуваме соодветно и на потребите во дадениот момент за да не дојде до пожари. Да ги користиме кога ќе сме дома бидејќи тие треба да не греат нас, а не во отсуство да го греат просторот, потенцирајќи дека како пракса ова треба да се заборави. Подобро е грејните тела да ги запалиме повторно откако ќе се вратиме дома повторно, отколку да нема кај да се вратиме вели Прентоски.
Без разлика какви грејни тела користат граѓаните на општина Охрид, сите тие треба да бидат поставени независно во просторот, односно тие треба да ја рефлектираат енергијата за да го затоплуваат просторот каде што се користат. Да не бидат во близина до мебел, елементи кои ги користиме во домот. Затоа што и топлината може да предизвика палење на одредена материја. ТППЕ Охрид во текот на 2021 година имше вкупно до денес 225 интервенции за гаснење на пожари од сите видови на објекти, отворен простор и сообраќајни средства. Од нив 103 интервенции се на објекти, 101 интервенција на отворен простор и 21 интервенција на сообраќајни средства, информира Прентоски.
Споредбено со минатата година бројот на интрвенции скоро се совпаѓа, заклучно со крајот на октомври во 2020 имало вкупно 223 интервенции. Во споредба со 2019 година кога имале многу поголема бројка, преку 370 интервенции, со интрвенции минатата и оваа година се чини дека бројката е сепак во нормала. Се надевам дека со интевенциите кои би ги имале во овие преостанати два месеци од годината нема да ја надмине бројката од 2019 година додава Прентоски.
Н.С.Ј.