До 5.000 навивачи ќе присуствуваат на домашниот натпревар на Холандија против Литванија на крајот на овој месец во рамки на квалификациите за Мундијалот во 2022 година.

Присуството на гледачи на натпреварот што ќе се игра на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам ќе послужи за проучување на ефикасноста на различни анти-ковид мерки, вклучувајќи брзи тестови на коронавирус и користење апликации за паметни телефони, кои покажуваат негативен тест резултат, соопшти Холандската фудбалска федерација (KNVB).

Поволни резултати од ова истражување би можеле да го забрзаат процесот на отворање на стадионите во финишот на оваа фудбалска сезона, но и за натпреварите на претстојното Европско првенство“, најави холандската федерација.

Навивачите ќе бидат сместени во неколку „балони“ распоредени на сите страни на стадионот, а во еден од нив научници од Технолошкиот универзитет во Ајндховен ќе ја истражуваат структурата на концентрацијата на аеросоли и ефикасноста на мерките за намалување на концентрацијата на аеросоли на стадионот.

Досега овој пилот-проект е спроведен на неколку конференции, театарски претстави и концерти на затворено, како и на два натпревари од Втората холандска фудбалска лига.

OhridNews