На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 11 јуни. Кога овој голем апостол беше распнат на крст во Албанопол Ерменски, христијаните го симнаа неговото тело и чесно го погребаа во оловен ковчег. Па бидејќи на неговиот гроб стануваа многубројни чуда, особено исцеленија на болни, заради што се зголемуваше бројот на христијаните, незнабожците го зедоа ковчегот со моштите и го фрлија во морето. Во исто време фрлија и четири други ковчези со мошти на четворица маченици: Папијан, Лукијан, Григориј и Акакиј. Но по Божја Промисла ковчезите не потонаа, туку носени од водата допливаа, и тоа: Акакиевиот во градот Аскалус, Григориевиот во Калабрија, Лукијановиот во Месин, Папијановиот на друга страна во Сицилија, а Вартоломеевиот на Липарските острови. Липарскиот епископ Агатон во некое таинствено откровение дозна за приближувањето на моштите на Свети Вартоломеј до островите. Во таа прилика од моштите на апостолот се случија многубројни исцеленија на болни. Агатон со клирот и народот излегоа на брегот и го дочекаа ковчегот со голема радост. Моштите беа положени во црквата на Свети Вартоломеј и лежеа овде до времето на Теофил Иконоборец (околу 839 година), па бидејќи тогаш муслиманите ги загрозија Липарите, моштите на апостолот беа пренесени во градот Беневет. Така Господ го прослави Својот апостол со чуда и за време на животот и после смртта.
Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com
Поврзани вести
22.04.25 09:19
Денеска е Воскресение Христово – Трет денВелигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението Ние сме свикнале да ја делиме недел...
20.04.25 00:07
Воскресение Христово – ВелигденВелигден е најголемиот христијански празник, Празник на победатата над смртта Ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите Веста за христовото воскресение вечерва...
19.04.25 09:19
Велигден – зошто не е секоја година на ист…Велигден е празник со непостојана дата за празнување Празник неврзан за датум Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум Денот не го менува, а датумот го менува Може да биде во април, а...