На денешен ден нашиот народ го празнува празникот Св. Јован Златоуст, односно пренос на неговите мошти.

Свети Јован Златоуст роден е во Антиохија во 374 година. Во раните денови од детството ги изгубил родителите, подоцна се закалуѓерил во еден манастир во близина на родното место. Бил избран за патријарх цариградски каде што се прославил со убави беседи поради што бил наречен Златоуст.

Свети Јован Златоуст напишал многу дела, меѓу кои е и литургијата што се служи преку целата година, позната како “Златоустова литургија“. Во народното предание се вели дека Свети Јован е наречен Златоуст затоа што зборувал дека литургијата треба да се служи за една пара, а не за илјада гроша како што барале некои.

Јасминка Т. Момироска