Според научниците, сега има приближно исто количество на црна материја во вселената колку што претпоставуваат дека имало после големата експлозија. Ова откритие е резултат на научен труд изработен од страна на повеќе од 400 светски научници. Според нив, ова истражување е најпрецизно досега во овие размери на универзумот. Овие мерења им даваат подобра претстава на научниците за менувањето на спроведувањето на црната материја со текот на времето.
Ова истражување е важно за идната „Еуклид“ мисија на Европската Вселенска Агенција, како и за идните мисии на НАСА. Мерењата се направени со сателитот Планк кој ја мери радијацијата останата од големата експлозија. Информациите од сателитот им помогнале на научниците да добијат општа претстава за пренесувањето на црната материја во минатото. Сателитот Планк може да испитува светлина во универзумот која потекнува 400,000 години после големата експлозија.
Споредбените мерења кои биле употребени во ова истражување се многу понови, што им дава добра претстава на научниците за значењето на пренесувањето на црната материја во универзумот. Овие мерења се совпаднале со историските мерења на сателитот Планк. Според нив, универзумот е составен од само 5% нормална материја, 25% црна материја, а останатите 70% се црна енергија.
Овие мерења кои се исклучително прецизни ќе може да се користат за идни истражувања.
A.M.