На делница Песочани-Требеништа, на км.2+435-км.2+920 (село Ботун), почнувајќи од 31 мај ќе се изврши времена измена на сообраќајот, односно пренасочување на сообраќајот со воведување на една девијација на дел од државен пат, информираат од „Синохидро Корпорејшн Лимитед“-Пекинг, Подружница Скопје.

По завршување на градежните работи сообраќајот ќе биде повторно вратен во првобитната сообраќајна ситуација. Замолуваме за намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост на сите учесници во сообраќајот, велат во соопштението.

OhridNews