Два авиона на Air France на лет за Париз од САД, вчера, биле пренасочени од безбедносни причини, објави американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство(ФАА). Ербас А-380 што полета од Лос Анџелес слета во Солт Лејк Сити, а патниците и екипажот од авионот се префрлени во зградата на терминалот, соопшти портпаролот на ФФА. Посебен лет од меѓународниот аеродром Дулс во близина на Вашингтон, е пренасочен кон меѓународниот аеродром Халифакс во Нова Шкотска во Канада заради неутврден безбедносен ризик, а патниците и екипажот исто така биле евакуирани од авионот.

Повикувајќи се на извор во американската влада, CNN извести дека летот од Лос Анџелес бил пренасочен заради закана со бомба по повикот што пристигнал од земја.

Безбедносните служби се наоѓаат на висок степен на подготвеност по минатонеделниот терористички напад во Париз во кој загинаа најмалку 129 луѓе, а за кои одговорноста ја презеде Исламска држава.

OhridNews