Претставата на младите од Младински Центар Охрид „Премотај и почни одново“ повторно пред охриѓани.
„Премотај и почни одново“ е адаптација на едночинката „Bang Bang You’re Dead“ од Вилијам Мастросимон од 1999 година и е длабоко испитување на културата што може да предизвика насилство во современото општество, и потресна интроспекција на последиците од тоа насилство.

Премиерата е закажана за во петок, 14 декмеври, во 20:00 часот во НУЦК Григор Прличев – Охрид на мала сцена, а влезот е 150 денари.

Продукцијата е на Младински Центар Охрид, сценарио и режија на Јован Цветкоски, додека во претставата играат Лука Доленц, Дафина Дејкоска, Сара Петкоска, Марио Ѓорески, Ивона Тасеска, Лија Камбер, Борче Исакоски, Исидора Митревска, Лора Јонческа, Лина Јоноска, Теона Талевска.

Резервации на билети може да се направат на социјалните мрежи на Младински Центар Охрид или на тел. бр. 078/413-946, а местата се ограничени.

OhridNews