Еден американец тежок 273 килограми, кој се специјализирал за измами по ресторани, избегнал казна затвор поради својата преголема телесна маса. Џорџ Џоликер од Флорида нарачувал огромни порции, од кои поголемиот дел го јадел, а остатокот го враќал велејќи дека е со лош квалитет и одбивајќи да плати.


Приведен бил откако во еден ресторан изел речиси цела порција говедско месо. Неколкуте последни парчиња ги вратил тврдејќи дека се расипани. Сопственикот на ресторанот поднел тужба против него, но тој избегнал казна затвор затоа што е премногу дебел. Ќе биде осуден само со парична казна.