Канадскиот авантурист Џек Кокрејн (68), познат по прекарот “Воздушен принц“, направил нов подвиг кога одејќи по жица поминал 340 метри преку Нијагарините водопади. Ова е еден од многуте подвизи што ги планира оваа година, а сето ова е уште поневеројатно ако се знае дека докторите после една несреќа му рекле дека никогаш повеќе не ќе може да оди. Кокрејн со леснотија ја поминал оддалеченоста помеѓу кулата “Скајлон“ и хотелот “Хилтон Фолсвју“ на Нијагарините водопади, а на крај од 30 минутната прошетка, само им се насмевнал на бројните гледачи на настанот.
– Да, беше тешко, но кога би било лесно, тогаш секој би можел да го направи тоа-изјавил Кокрејн.
– Беше неверојатно. Беше апсолутно прекрасно. Се слушаше песната “Somewhere Over the Rainbow”, а околу него летаа птици – раскажува еден од гледачите на овој спектакл.