Македонските ракометари имаат премија од 30 000 евра ако успеат во баражот да ја совладаат Грција и обезбедат пласман на завршницата од Светското првенство во Катар.

– Мојот предлог би бил премијата за пласман на СП да изнесува 30.000 евра, тоа е нешто што ние како УО и како спонзори можеме да го собереме и да им го овозможиме. Момците заслужуваат такво нешто, знаеме што значи СП во Катар, тоа е своевидна прва пречка на патот до Олимписките Игри во Рио де Жанеиро. Противник во баражот ни е Грција, не сакаме да создаваме дополнителен притисок поради фактот дека овој меч за дел од нашиот народ е повеќе од спорт, па сметаме дека ваквите премии ќе бидат само мотивација плус за нашите репрезентативци – потенцираше претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Првиот натпревар се игра на седми јуни во Атина додека реваншот осум дена подоцна во Скопје.

Мх.П.