Претседателот на Владата Зоран Заев, утре (петок), ќе има воведно обраќање на 20-та годишна конференција на АД Македонска берза, што ќе се одржи во хотел Метропол во Охрид.

По конференцијата, премиерот Заев придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши, ќе прошетаат по охридската чаршија.

Попладнето премиерот и министерот за економија, во придружба на директорот на Царинската управа Ѓоко Танасовски, ќе направат увид во тековната состојба и подготовките на новиот терминал на граничниот премин Ќафасан.

OhridNews