Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, утре ќе бидат во работна посета на Охрид.

 

Во рамки на посетата, со почеток во 12.30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи отворена трибина „Силна економија – шанса за сите“ , која  неодамна ја започна владата на Република Македонија. Заев и неговите економски соработници и претставници од локалната власт заедно со  граѓаните ќе  дискутираат  за економските остварувања и политики како и предизвиците и перспективите кои се отвораат за економски развој на земјата со членството во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ.

Премиерот Заев и министерот Сугарески ќе одржат и средба со вд градоначалникот, Константин Георгиески, по што ќе ја посетат фабриката во Охрид на германската компанија за автомобилски компоненти „Костал“.

OhridNews