Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство, најблиските и пријателите.

 

Во телеграмата, премиерот Заев пишува дека смртта на проф. д-р Јован Стојаноски, е огромна загуба за академската заедница, за Охрид, локалната заедница и за партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес со своето посветено работење.

Јован беше колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина.

Знам дека не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат вашата загуба, но дозволете заедно да ги споделиме чувствата на тага за загубата на вашето семејство. –  пишува Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во телеграмата со сочувство за смртта на проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство.